Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на компанија „ABEE“ во ТИРЗ Кичево.
-Утре во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски, ќе присуствуваат на поставување на камен темелник на изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на Белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ во ТИРЗ Кичево, информираат од прес службата на Владата.
Договорот на инвестицијата е во вкупна вредност од 40 милиони евра и отворање на 600 нови работни места. Во првата фаза инвестицијата изнесува 10 милиони евра, со вработување на 200 лица. Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски, стои во соопштението на Владата.