Од МВР информираат дека вчера попладне во Скопје, автомобил удрил во шеесет и осумгодишен пешак, по што го напуштил местото на несреќата.
По настанот, пешакот бил пренесен во градската болница „Св. Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.