Фондот за здравствено осигурување констатирал многу злоупотреби во повеќе здравствени установи во земјава. Директорот Сашо Клековски во интервју за „Алсат“ рече дека се поднесени кривични пријави против шестмина директори.
Клековски очекува обвинителството да постапи брзо, притоа потенцирајќи дека неколкупати контактирал со надлежните за да праша до каде се истрагите. Се работи за директор на здравствена установа во Тетово, додека останатите пет се од Скопје. Клековски појасни дека станува збор за индивидуални и структурни злоупотреби.