![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/12/Vesna-Dameva-2-1.jpg)
Судскиот совет за денеска во 14 часот свика итна седница на која, според дневниот ред, треба да биде констатирана оставката на досегашната претседателка Весна Дамева која денеска на прес-конференција објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.
На седницата, како што е најавено, ќе треба да биде избран и нов претседател на Судскиот совет.
Во своето обраќање до јавноста, Дамева рече дека оставката е неотповиклива и оти одлуката ја донела како последица на обидите да се наруши нејзиниот интегритет од неколку политичари од власта.