Skip to main content
Балкан

Починаa девојчињата повредени при паѓање на настрешница во Нови Сад

02/11/2024  09:44

Девојчињата Тина (9) и Сара (5) кои вчера беа повредени на железничката станица во Нови Сад, како што пренесуваат српските медиуми, им подлегнале на повредите.

„И двете починаа, ги нема“, изјавил за српски „Курир“ – Бранко Матиќ, дедо на девојчињата.

За потсетување, вчера околу пладне се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Во моментот кога падна настрешницата, голем број луѓе седеа на клупите долу и го чекаа времето за поаѓање до нивната дестинација

Бројот на починати се искачи на 14.