Skip to main content
Македонија

Потребни ни се најмалку 1.000 лекари – итно и без одлагање, вели Таравари

12/11/2024  10:16

Во македонското здравство недостасуваат најмалку 1.000 лекари, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари за Гласот на Америка.

„Во Македонија итно и без одлагање се потребни минимум 1.000 лекари, барем до крајот на следната година“, рече Таравари.

За да се надмине оваа состојба, вели министерот, Владата одлучила да вработи 600 приватни специјалисти, од кои 300 до крајот на оваа година, а уште триста во текот на следната.

Таравари очекува до крајот на годината да се реши статусот и на уште 1200 други здравствени работници, од кои некои и по 10 години години работат со договор на дело.