Skip to main content
Забава

Посно чудо готово за неколку минути: Рецепт за чоколадно суфле, без јајца и млеко кое се топи во уста

19/10/2024  18:13

Чоколадното суфле е едно од омилените ширум светот, целосно оправдано: лесен, а вкусен десерт којшто се подготвува од само неколку состојки.

Состојки:
– 160 милилитри растителен напиток (соино, овесно, бадемово, оризово млеко);
– 60 грама брашно;
– 1 ќесичка прашок за печиво;
– ½ лажичка сода бикарбона;
– 25 грама какао;
– 5 лажици масло;
– 2 лажици шеќер;
– 3 лажици мед;
– ½ лажичка јаболков оцет;
– прстофат сол;
– 100 грама темно чоколадо.

Подготовка:
1. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени Целзиусови.

2. Со миксер изматете ги маслото, медот, растителното млеко и оцетот.

3. Во нив додадете го брашното и какаото, претходно помешани со сода бикарбона и прашок за печиво.

4. Калап намачкајте со масло и ставете половина од смесата во него.

5. Потоа одгоре распоредете го сечканото чоколадо, а над него додадете го останатиот дел од смесата.

6. Прво вклучете ја рерната да го пече колачот само оддолу, околу 8-10 минути, а потоа ставете ја на горниот грејач и печете уште 7-10 минути.

7. Оставете го колачот да отстои во рерна уште неколку минути, па извадете го.

8. Сервирајте го превртен наопаку, а по желба додадете и шеќер во прав.