Skip to main content
Македонија

Поради немање кворум, одложен изборот на Христовски за асистент

10/12/2024  18:12

Седницата на Наставно научниот совет на која требаше да биде одлучено дали директорот на Агенцијата за национална безбедност ќе стане асистент по предметот криминалистика на Факултетот за безбедност не се одржала поради немање кворум од мнозинството на членовите, дознава неофицијално „Слободен печат“.

Според нашите информации, седницата беше закажана за во 12 часот, но презакажана е за денеска во 19 часот. „Слободен печат“ испрати официјално прашање на Факултетот за безбедност, но не добивме се уште одговор дали Христовски е избран за асистент.

Владата го назначи Христовски за директор на АНБ на 16 октомври, а оттогаш не престануваат реакциите за неговото именување и дали тој ги исполнува условите да ја води АНБ. Најспорен беше неговиот ТОЕФЛ сертификат за англиски јазик издаден од јазичниот центар „Јулија“ од Пловдив за кој во јавноста беше откриено дека не постои и не се занимава со полагање. За ваков ист фалсификуван сертификат две директорки биле осудени на условни казни.