Skip to main content
Македонија

Поплава од македонски знамиња на профилите на функционерите од СДСМ

29/11/2024  12:06

Бројни функционери на СДСМ, меѓу кои и претседателот, потпретседателите, пратеници и членови на раководството од утрово масовно го објавуваат македонското знаме на своите профили на социјалните мрежи.

Ваквиот потег доаѓа како реакција за синоќешното јавно вандализирање на македонскиот државен симбол, при прославата на Денот на македонското знаме.

Синоќа, на неколку локации македонското знаме беше скинато, запалено и изгазено од страна на групи и поедници.

До овој момент, нема реакција од Министерството за внатрешни работи, утрово со барање за брза и ефикасна реакција се јави и СДСМ.

„СДСМ бара Мицкоски и Тошковски веднаш да излезат пред граѓаните и да објаснат зошто превенцијата целосно потфрли? Министерството за внатрешни работи мора итно да ги преземе сите потребни мерки за идентификација и казнување на сторителите. Законот мора да важи подеднакво за сите граѓани“ велат од СДСМ.