Skip to main content
Балкан

Полицијата ја опкружи куќата на поранешен косовски министер, го уапсија специјалци (ФОТО)

05/12/2024  19:51

Денеска се уапсени поранешниот градоначалник на Малишево, Исни Килај, потоа поранешниот шеф на Косовската разузнавачка агенција Башким Смакај и Фадил Фазилу, а како што се наведува специјалните единици упаднале и во куќата на поранешниот министер за правда, Хајредин Кучи.

Кучи е уапсен додека полициските сили го блокирале патот што води до неговата куќа.

Апсењата се вршат во рамките на Специјализираните совети во Хаг, во соработка со полицијата на ЕУЛЕКС во Косово.

„Канцеларијата на Специјализираниот обвинител (СЈО) спроведува тековни операции во Косово во истражен процес кој се фокусира на злосторствата против спроведувањето на правдата. Работата на СЈО беше судски овластена од Специјализираните комори на Косово (ДХСК) и поддржана од Мисијата на Европската Унија за владеење на правото на Косово“, пишува Лајми.