Skip to main content
Хроника

Полицаец си ја повредил раката додека го чистел службениот пиштол

26/10/2024  15:59

На 25.10.2024 околу 21.30 часот било пријавено дека во стражарска просторија лоцирана во кругот на ОВР Пробиштип, полициски службеник при чистење на службениот пиштол испукал еден куршум при што се повредил во пределот на левата дланка.

Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.