Skip to main content
Свет

Познат богаташ го шокираше семејството: Цело богатство му го остави на кучето

30/10/2024  22:08

Најпознатиот индиски бизнисмен, Ратан Тата, оставил голем дел од своето наследство на своето куче, прескокнувајќи ги својот брат Џими Тата и полусестрите Ширин и Дина Џејбхој, пишува „Дејли мејл“. Неговото богатство се проценува на околу 110 милиони евра, а најголемиот дел го добило неговото куче Тито.

Ратан Тата почина во болница во Мумбаи на 86-годишна возраст. Тој е најзаслужен за трансформацијата на Tata Group во светски познат конгломерат.

Никогаш не се оженил и нема деца. Во тестаментот кој сега е отворен, тој навел дека најмногу му остава на неговото куче Тито бидејќи секогаш било покрај него.

Бизнисменот оставил и прилично убава сума на неговиот кувар и батлер, изјави неговиот пријател Сухел Сет.

Тато е роден во 1937 година во Бомбај. Сакал да биде архитект и работел во САД, но неговата баба го замолила да се врати дома и да се приклучи на растечкиот семеен бизнис. Почнал да работи во 1962 година во TISCO, сега позната како Tata Group. Во тоа време работел во фабриката за високи печки и живеел во хостел за чираци. Во 1991 година, ја презедел семејната империја по радикалните реформи на слободниот пазар започнати истата година во Индија. Бил на чело на конгломератот 21 година и во текот на тие години го проширил глобалното присуство на компанијата и ги вклучил британските луксузни брендови како Jaguar и Land Rover.

Групацијата Тата сега е збир од речиси 100 компании и вработува повеќе од 350.000 луѓе ширум светот.