Skip to main content
Хроника

Позната здравствената состојба на повредените во сообраќајката несреќа на автопатот Скопје-Велес

31/10/2024  12:57

Сите четворица пациенти, од кои двајца беа во исклучително тешка здравствена состојба и на механичка вентилација, хоспитализирани во Единицата за интензивно лекување -КАРИЛ, повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес се во добра здравствена состоба и надвор од животна опасност.

-Веднаш по хоспитализација на пациентите беше извршена тријажа, брза дијагностика и третман во соработка со Институт за радиологија,Клиниката за трауматологија, Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Клиниката за дигестивни болести и Клиниката за урологија.

Благодарност за натчовечките напори на дежурните и редовните медицински тимови.

Сите четворица пациенти од кои двајца беа во критична состојба се успешно излекувани.

Во страшната сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово, на автопатот Скопје-Велес животот го загубија три лица.

На вонредна седница, Советот на Општина Велес 18 октомври 2024 година, го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата велешани во сообраќајната несреќа што се случи на 16 октомври 2024 година.