
Разведрувањето кое се очекува во текот на следната седмица, и тоа почувајќи од понеделник, ќе услови наутро температурите да бидат многу пониски и на повеќе места да се спуштаат до околу, а понекаде и под нулата. Односно, тие во текот на следната работна седмица ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени во најтоплите централни и југоисточни предели.

На Метеоролошката карта може да се види дека во текот на следната седмица во утринските часови на повеќе места во Македонија ќе има поголеми услови за појава на слана и на мраз. Исто така, не се исклучува можноста и за појава на утринска магла по котлините и по речните долини.
Се на се, подгответе ја топлата облека за утринските часови во текот на следната работна седмица.