Skip to main content
Забава

Печени ѓевреци: За 20 минути направете вкусно посно печиво

25/11/2024  21:43

Лесно печиво со крцкава кора и мека средина.

Состојки:
300 мл топла вода
1 лажичка шеќер
1,5 лажичка сув квасец
2 лажици масло
550 гр брашно
1 лажичка сол

Останати состојки:
100 гр сусам
80 мл млака вода
1 лажичка мед

Начин на подготовка:
Измешајте вода, шеќер, масло и квасец. Оставете малку да отстои, па додајте брашно и сол. Брашното додајте го од 3 пати. Замесете тесто кое не се лепи за раце. Оставете на топло место околу еден час. На побрашнета површина премесете го тестото и поделете го на осум делови. Секој дел развлечете го на дебелина од 40-45 см, па составете ги краевите.

Измешајте млака вода и мед, па соединете. Секој ѓеврек ставете го во вода и мед, па во сусам и редете во плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени околу 20 минути.