Skip to main content
Култура

Пет дебитанти во финале на Макфест

26/10/2024  20:23

Синоќа на првата вечер на Макфест, музичката сцена во Штип блесна со нова енергија – петмина млади таленти: Сања Тодоровиќ, Д Солушн, Мирјана Митрева, Тамара Волческа и Калина Александар обезбедија место во финалето кое ќе се одржи вечерва (26 октомври)! Заедно со уште неколку дебитанти, ќе се натпреваруваат со познати македонски музички имиња како Дарио, Дани Димитровска, Антонија Гиговска, Елена Ристеска, Павле Камиловски и други.

Програмата синоќа ја водеа Адријана Јаневска и Ѓоко Танески, кои ни приредија вистинско уживање со најголемите хитови од сите 38 изданија на фестивалот.

Општина Штип, како организатор, гордо истакнува дека 39. фестивал годинава го збогати македонското културно и музичко наследство со 1.500 композиции!

Директниот пренос од финалето вечерва започнува во 20:30 часот на Македонската радиотелевизија (МРТВ), а за целосното доживување ќе се погрижат водителите Димитар Атанасовски и Маријана Станојковска.

Оваа година, како и лани, нема прогласување на најдобри композиции. На следното јубилејно 40. издание ќе се избере најслушаната медиумска мелодија меѓу двата фестивала – годинава таа чест ја доби песната „Сафир“ од Таско и Малена.