Доколку сакате да го изгубите вишокот килограми, но истовремено тешко ви е да се откажете од алкохолот, можете барем да ги избегнувате оние кои содржат големи количества на калории.
Можеби најлошо од сè е фактот што освен тоа што се калорични, алкохолните пијалаци практично немаат никаква хранлива вредност. Нутриционистката Џорџија Чилтон открива кои алкохолни пијалаци ќе ви ги уништат напорите за намалување на телесната тежина.
Пиво
Пивото е еден од најпопуларните алкохолни пијалаци, но половина литар може да содржи помеѓу 200 и 300 калории.
Затоа, нутриционистот Чилтон посочува дека треба да се одлучите за алтернативи со помалку калории.
Пина колада
Пина Колада за жал е еден од најкалоричните коктели, кој содржи помеѓу 300 и 400 калории. Овој пијалак содржи крем од кокос кој е богат со масти и калории и сок од ананас кој го зголемува количеството шеќер во пијалакот. Една вообичаена пина колада може да содржи повеќе од 15 грама масти, што е речиси една петтина од препорачаниот внес за жените.
Daiquiri“
Без разлика дали е замрзнат или не, „daiquiri“ може да се пронајде во повеќе различни вкусови. Меѓутоа, овие пијалаци содржат помеѓу 200 и 300 калории во зависност од големината. Тие често се направени од претходно подготвени мешавини за кои се знае дека содржат многу шеќер.
Така што поради високата содржина на додаден шеќер, најверојатно ќе доживеете скок на шеќерот во крвта проследен со нагло опаѓање што подоцна ќе влијае врз нивото на вашата енергија и гладот.
Леден чај „Long Island“
Со пет различни видови на алкохол во еден пијалак (водка, бел рум, џин, текила и троен сек), „Long Island“ има многу висока содржина на алкохол, што од друга страна значи голем број на калории.
Во зависност од тоа како е направен, овој пијалак содржи повеќе од 500 калории. Покрај големото количество алкохол, „Long Island“ се надополнува со газирани пијалаци и сладок сируп, што прави уште покалоричен.
Еспресо мартини
Иако еден од овие коктели со кофеин можеби не е највисок во однос на бројот на калории, тој сепак содржи околу 200 калории по пијалак. Дополнително, нутриционистката Чилтон наведува дека комбинацијата на алкохол и кофеин може да биде проблем.
Истовремената консумација на кофеин со алкохол има повеќекратни контрапродуктивни ефекти, главно затоа што алкохолот е депресив, а кофеинот е стимуланс. Овие ефекти вклучуваат замор и седативни ефекти предизвикани од алкохолот, како и зголемено чувство на будност, што може да доведе до зголемено прекумерно пиење“, потенцира нутриционистката.