Skip to main content
Македонија

Петрушевски: Клиниката за очни болести оштетена за 3.9 милиони од раководството од СДС и ДУИ

09/11/2024  12:17

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ:

ДЗР констатирал нерегуларности во финансиското работење и на Клиниката за очни болести во време на СДС и ДУИ.

Според ревизијата на ДЗР на Клиниката за 2022 година, по основ на неуплатена партиципација за лекување буџетот на истата е оштетен за 3.9 милиони денари.

3.9 милиони денари се пари кои требале да легнат на сметката на Клиниката за очни болести по основ на партиципација за лекување.

По детален увид во документацијата на Клиниката од ДЗР се констатирало дека за 2.4 милиони денари со задоцнување се доставени потврди за ослободување од партиципација, но за истите не е доставена поткрепувачка документација.

Раководството на СДС и ДУИ на Клиниката за очни болести работело надвор од законските процедури, оштетувајќи ја Клиниката.

Ако знаеме дека за период од една година, за која  е правена Ревизијата буџетот на Клиниката е оштетен за 3.9 милиони денари, тогаш што е направено за 7 години колку што СДС и ДУИ раководеле со истата?

Го повикуваме ЈО да го земе Извештајот од Ревизијата на ДЗР за Клиниката за очни болести и да отвори постапки. Одговорност мора да има.