Skip to main content
Македонија

Петровска: ДПМНЕ потврди, Бојан Христовски е незаконски именуван

12/11/2024  12:34

Во изјава во Собранието, пратеничката Славјанка Петровска остро реагираше на актуелните случувања поврзани со именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Според Петровска, денешната седница на Комисијата за надзор над работата на АР и АНБ само ја потврдила оценката на ДПМНЕ дека именувањето на Христовски е незаконско.

„Она што го видовме денес е чист доказ дека власта избегнува соочување со јавноста,“ изјави Петровска, посочувајќи дека злоупотребата на мнозинството спречила дискусија за прашања од интерес за домашната и меѓународната јавност. Според неа, однесувањето на владејачкото мнозинство е пример на „тиранија на мнозинството“ и покажува отсуство на демократски капацитет за владеење на правото.

„Казна е за Република Северна Македонија што токму вакво недемократско мнозинство е задолжено да спроведува реформи во безбедносните служби,“ додаде Петровска, истакнувајќи дека одговорите што ги очекува јавноста остануваат неизречени.