Папата Франциск денеска ја осуди економската нееднаквост во светот, велејќи дека „нема никаква корист“ од финансискиот раст на развиените земји, додека остатокот од светот „гине во војни и глад“.
„Каква корист има високиот финансиски раст на привилегираните земји, ако тогаш половина од светот умира од глад и војна, а останатите гледаат рамнодушно?
Папата оцени и дека парите и „лажните“ виртуелни контакти не даваат задоволство ако срцата се „празни“ и „ладни“, пренесува Анса.
Тој на мисата во Ватикан, по повод празникот Пречиста на Дева Марија, истакна дека „без жени нема спас, бидејќи Црквата е жена“, пренесува Танјуг.