Skip to main content
Свет

Папата Франциск до свештениците: Скратете ги проповедите до 10 минути „бидејќи луѓето може да заспијат“

05/12/2024  12:13

Папата Франциск им порача на свештениците дека нивните проповеди не треба да траат подолго од десет минути „бидејќи луѓето може да заспијат“, јави Католичката новинска агенција.

Говорејќи на плоштадот Свети Петар на аудиенција, папата објасни дека целта на проповедта е „да помогне да се пренесе Божјото слово од книгата во животот“.

– Но, проповедта за тоа мора да биде кратка: некаква слика, мисла, чувство. Нешто што луѓето ќе го понесат со себе. Проповедта не смее да трае подолго од десет минути бидејќи после тоа време губите внимание и луѓето заспиваат, рече тој.

Тој, исто така, им рекол на свештениците да проповедаат за Исус, а не за себе.