Силниот ветер попладнево и вечерва направи голема штета, уривајќи покриви од згради и куќи. Граѓаните вознемирени ги предупредуваат соседите да внимаваат и да не минуваат покрај зграда на улицата „Леринска“.
Засега нема информации за повредени, но направена е материјална штета. Исто така, ветерот урна и ограда со која беше заштитен градежен плац каде се гради зграда во старата битолска Касарна.
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски вечерва е на увид на локации во Битола каде попладнево силниот ветер предизвика проблеми и вознемирување кај битолчани.
Со екипи на локалните јавни претпријатија и пожарникари од ТППЕ-Битола, Коњановски ги координираше јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, кои ги санираат ште на местата каде е предизвикана штета.
Намалување на силината на ветерот се најавува во текот на ноќта.