На 04.12.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, Ф.Д.(32) од село Пакошево, општина Зелениково, пријавил дека на 03.12.2024 околу 12.30 часот, по завршување на часовите, во близина на основното училиште во с.Зелениково, скопско, во кое учел, неговиот осумгодишен син се здобил со тешка телесна повреда при игра со соучениците.
Повредата е констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.