Skip to main content
Македонија

Османи: Владата е нелегитимна, го нема легитимитетот на албанскиот народ

24/10/2024  21:44

Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи вели „нашиот принципиелен став е дека оваа Влада е нелигитимна бидејќи го нема легитимитетот на албанскиот народ“.

-Видете принципиелно ние не би требало ни да даваме предлог на една Влада којашто ја сметаме дека е нелигитмна, вели Бујар Османи.

Новинар: Дали имате кредибилитет зашто вие сте го договориле ова решение, дали стоите зад ова решение?

-Значи нашиот принципиелен став е дека оваа Влада е нелигитимна бидејќи го нема легитимитетот на албанскиот народ. По однос на прашањето на Европската унија ние ги издвојуваме на страна сите тие прашања бидејќи сметаме дека тука не смееме да кочиме и затоа јас едноставно дадов една идеја за размислување во којашто ако е таа грижата дека постфестум ќе има кој може да не спречи ние да ги корегираме тие уставни измени па еве нека се состојат нека се додаде суспензивна клаузула било каде колку што го слушнав премиерот дека тоа не држи. Јас не дадов правен предлог јас дадов политичка идеја и тоа не како ДУИ туку како поранешен министер за надворешни работи, бидејќи се обидуваме овде дури и на нелегитимна Влада да бидеме партнери за Европската унија, вели Османи во „Само Интервју” на телевизија Канал 5.