Skip to main content
Свет

ОН: Целото население на северот на Газа во смртна опасност

28/10/2024  13:17

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања соопшти дека целото население на северниот дел на Појасот Газа е во опасност од смрт.

– Стотици Палестинци, наводно, се убиени. Десетици илјади се принудени повторно да избегаат. Болниците се погодени, а здравствените работници се уапсени. Засолништата се испразнети и изгорени. Амбулантите се спречени да ги извлечат луѓето од под урнатините. Семејствата се раздвоени, а мажи и момчиња однесени со камиони“, рече вршителката на должност генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итни случаи Џој Мсуја.

Таа, исто така, нагласи дека не смее да им се дозволи на израелските сили да продолжат да дејствуваат во опколената Газа.

– Огромното непочитување на основната хуманост и на законите на војната мора да престане, рече Мсуја