Skip to main content
Македонија

Од следната година нова авиолинија од Скопје до една европска метропола со “Изиџет”

04/12/2024  13:49

Нискобуџетната компанија Изиџет планира да врати на македонскиот пазар напролет со воведување летови меѓу Париз (аеродормот „Орли“) и Скопје.

Како што објави порталот „Екс ју авијација“, повикувајќи се на францускиот финансиски весник „Les Echos“, се очекува летовите да бидат закажани наскоро.

-Со новата услуга буџетската авиокомпанија ќе се врати во Скопје по прекинот на операциите од Женева минатиот месец. Понатаму, ќе ја прошири врската меѓу Македонија и Франција, која ќе расте заедно со планираните нови летови на Виз Ер до Лион, кои исто така ќе започнат во 2025 година, стои во објавата.

„Орли“ се наоѓа на дваесетина километри од центарот на Париз.