Со новиот возен ред, кој е со важност од денеска, покрај едната патничка линија Скопје – Гевгелија во 16:55 часот, „Македонски железници – Транспорт“ повторно ја врати линијата Скопје – Гевгелија во 6:20 часот. И во обратна насока, во 4:30 и во 17:02 часот.
Враќањето на втората линија е овозможено откако локомотивата „ МЖ 642 180“, по подолго време, повторно е ставена во функција.