На секој од нас барем еднаш во животот ни се случило да заборавиме да го извадиме месото од замрзнвач на време за да можеме да го зготвиме до ручек, а реално и не секој има неколку часа за да го чека природно да се одмрзне.
Доколку и вие се пронаоѓате во горенапишаното имаме добри вести. Со овој трик месото ќе го одмрзнете за кратко време!
Подгответе два метални садови. Свртете го едниот сад наопаку и ставете го месото врз него, а потоа ставете друг сад одозгора и наполнете го со топла вода. Оставете го така 5 до 10 минути. Металот, особено алуминиумот, е одличен спроводник на топлина.