Skip to main content
Македонија

Овој пат се намалуваат производи на конкретни компании во земјава – Проверете ја листата на производи од Новогодишната кошничка

06/12/2024  11:17

Кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ продолжува и за време на новогодишните празници, известуваат од Владата.

„Во договор помеѓу Владата и 60 компании се донесе одлука за намалување на цените за новогодишната потрошувачка кошничка, а со тоа се подобрува стандардот на граѓаните.

Имено, во период од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година граѓаните имаат можност да купат 675 различни производи по ниски цени.

На рафтовите производите кои се со намалени цени ќе бидат означени, а дополнително преку веб страната mojakosnica.mk граѓаните ќе може да се информираат за производите кои се опфатени од оваа листа.

Некои прехранбени производи се намалени за 10 и повеќе проценти, а во оваа листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго, но сепак треба да потенцраме дека намалувањето не се однесува на производи од сите производители, туку само од оние со кои Владата склучила договор.

На пример не секое пилешко месо или кравји кашкавал ќе биде намален, туку само на одредени производители со кои Владата склучила договор.

Воедно, листата во следниот период има можност да се проширува и со други производи по ниски цени“, се додава во соопштението на Владата.

Сите производители и маркети кои учествуваат во ова намалување можете да го проверите со клик ОВДЕ.