Рак
Доколку постои знак кој со леснотија ја носи титулата на мајкин син, тоа секако е ракот. Овој воден знак е вистински емотивец кој цврсто „се држи“ за својата мајка во секоја животна ситуација. Нивната чувствителност и нежност ги прават да бидат вистински „магионичари“ кога станува збор за љубовта кон мајките. Дури и кога ќе станат возрасни, раковите тешко ја доживуваат помислата дека еден ден треба да го напуштат домот на нивните мајки. Тие секогаш ќе се враќаат дома со букет цвеќе за мајка им, или пак ќе ѝ испратат емотивна порака.
Мајките на раковите важат за добри свекрви, но многу жени ќе забележат дека нивните партнери се премногу врзани за својата мајка. Иако мајката секогаш треба да биде сакана и ценета, раковите толку многу сакаат да поминуваат време со своите мајки што понекогаш тоа може да предизвика несогласувања меѓу свекрвата и снаата.
Вага
Вагите се познати по својот шарм и дипломатија, но кога се работи за нивната врска со мајка им тие се особено емотивни. Овој воздушен знак ја сака хармонијата и честопати се потпира врз својата мајка за љубовни и животни совети.
Вагите секогаш ќе настојуваат да изгледаат совршено во очите на своите мајки, а тие никогаш нема да им покажат дека знаат какви се всушност тие. Нивната поврзаност е толку силна што вагите не можат да направат речиси ништо без мајка им, така што ќе побараат совет од мајка им дури и за облеката за вечерно излегување, исто така мажите – ваги честопати можете да ги видите во шопинг со мајка им.
Риби
Рибите се сонувачи, а нивната врска со мајките може да биде да наликува на бајка – полна о емоции, бои и драма. Овој воден знак честопати ја смета мајка си за свој главен советник и најдобар пријател. Рибите се чувствителни и емпатични, што ги прави да бидат особено поврзани со своите мајки. Нивната потреба од поддршка и љубов од мајка им понекогаш ги прави да бидат зависни од нејзините совети.
Рибите честопати не знаат како да се справат со предизвиците без помошта на мајка им. Кога ќе се соочат со проблем, прво ѝ се јавуваат на мајка им: „Мамо што да правам со ова?“, без оглед дали станува збор за љубовни проблеми или дилема околу изборот на филм или облека.