Skip to main content
Забава

Ова е правилниот начин на подготовка на теглите за зимница: Многумина ја забораваат оваа важна работа

19/10/2024  19:13

Тоа што е најважно кај подготовката на зимница е правилната подготовка на теглите и стаклените шишиња. Овој чекор никако не смее да се прескокне, бидејќи доколу теглите или шишињата не се 100% чисти, целиот труд на домаќинката ќе пропадне.

Првата работа што треба да се направи е со детергент, добро да се измијат шишињата и теглите, а кога ќе се исцедат, потребно е да избришат со памучна крпа.

Следниот задолжителен чекор е стерилизација на стаклените амбалажи во коишто ќе ја ставате зимницата.

Загрејте ја печката на 100 степени, ставете ги теглите и шишињата свртени со отворот надолу во тепсија, и оставете ги да се загреат 15 до 20 минути.

Потоа внимателно извадете ги од печката и почнете да ја ставате зимницата во нив додека се сè уште топли.

Покрај ова, она што многумина го забораваат, а е многу важно – е чистотата на капаците коишто како и теглите и шишињата мораат да бидат совршено чисти, а најдобро е да се стават во тенџере со зовриена вода во којашто ќе се варат неколку минути.