Skip to main content
Македонија

Обвинителството ја засилува истрагата за „Таргет-Тврдина“ по назначувањето на Груби и Беџети на црната листа

13/12/2024  14:12

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по предметот кој беше оформен по назначувањето на две лица на т.н. „црна листа“ на САД, презема дејствија во рамките на истрагата.

Во оваа постапка, истражител од Истражниот центар на обвинителството ги побара и ги презеде од Судскиот совет сите списи кои се поврзани со постапките за утврдување одговорност на судии кои учествувале во предметот познат во јавноста како „Таргет-Тврдина“.

Дополнително, се преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот и утврдување на сите околности поврзани со него.