Skip to main content
Македонија

Ноември месец оваа година ќе биде значително постуден и посув за разлика од изминатите неколку години!

28/10/2024  22:12

Судејќи барем според моменталните долгорочни анализи и изгледи на времето за Ноември месец, во кои секако голема е веројатноста да има промени во истата, поради што станува збор за доста долг период, укажуваат на тоа дека Ноември оваа година ќе биде постуден и посув за разлика од изминатите неколку години.

Во поголем дел од месец Ноември очекуваме потпросечни температури на воздухот, особено во првата половина од месецот.  Врнежите како што претходно кажав ќе бидат значително потпросечни, што значи не очекува доста сушно и студено време, особено во утринските часови кога очекуваме во многу делови од Балканот и во Македонија и појава на мраз, кој во делови од Балканот и Македонија ќе биде поизразен.

Во првата половина од месец Ноември можни се утрински температури дури и до околу -10 степени, а дневните на многу места би биде околу, па дури и под 10 степени, што значи очекуваме особено постудено време и преку ден, за разлика од она кое го имаме сега, кога имаме далеку попријатни температури на воздухот.

Се на се, зимата првиот свој посилен удар ќе ни го приреди многу наскоро, уште од почетокот на месец Ноември.