Skip to main content
Македонија

Денеска ново бегство од затворот во Шутка

24/10/2024  14:45

Денеска нешто пред 12 часот на враќање од погреб избегал затвореник во затворот Скопје познат како Шутка, дознава 24инфо.мк.

Пред да влезе во притворска зграда тој го искористил невниманието на затворските полицајци и побегнал, а за биде фатен биле испукани и предупредувачки истрели.

На крајот затвореникот побегнал и се уште не е достапен на затворската служба.