Skip to main content
Економија

Новогодишна потрошувачка кошничка започнува за два дена, брои 800 производи

13/12/2024  13:08

Пред десетина дена премиерот Христијан Мицкоски најави новогодишна потрошувачка кошничка, а денеска обзнани дека истата започнува за два дена.

-На мое големо задоволство, комапниите, трговците, приозводителите, дистрибутерите, бројката на приозводи ја зголемуваат и таа е 800 , не е 600-тини. Сите тие ќе бидат означени за тоа ќе се грижи Државниот пазарен инспекторат. Очекувам семејниот буџет да биде заштитен со намалувањето на овие производи, истакна Мицкоски и додаде:

Започнува од 15 декември, за два дена. Очекувам позитивни ефекти и очекувам да биде што побогата за празниците потрошувачката кошничка на граѓаните за помалку пари. Тоа е наша цел и тоа е наша задача како Влда да го овозможиме“.