
Нова научна студија потврди дека лимуноидите, природни состојки присутни во лимоните и другите агруми, делуваат превентивно и сериозно го спречуваат развојот на клетките на ракот, особено ракот на дојката. Научниците советуваат дека лимонот не треба да се фрла – ниту семките, ниту сокот, а посебно не кората, која содржи 5 до 10 пати повеќе активни супстанции од самиот плод.
Освен антиканцерогените ефекти, целиот лимон има и други здравствени придобивки: помага во чистење на телото од токсини, има антимикробно дејство против бактерии и габи, помага против цревни паразити, го регулира крвниот притисок, делува како антидепресив и е корисен во борбата со стресот и нервните нарушувања.
Препорака од експертите: добро измијте го лимонот и ставете го во замрзнувач, цел или на парчиња. Кога ќе замрзне, изрендајте го и додавајте го како здрав додаток во салати, супи, житарици или пијалоци.