
Несреќа во автобус на ЈСП се случила вчера на кружниот тек од улиците Александар Урдаревски и Боца Иванова во Скопје.
Според информациите на МВР, 71-годишната З.А. додека се превезувала во автобусот управуван од Г.С.(55) од Скопје, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид.