Skip to main content
Македонија

Непознати лица синоќа го оштетиле шестоседот на Попова Шапка

21/10/2024  21:26

Непознати лица ја оштетиле жичарницата на Попова Шапка, пишува Алсат-М.

Првиот човек на општина Тетово Билал Касами вели дека тоа е направено тенденциозно, со цел туристичката сезона да започне со проблеми, најавувајќи одговорност за сторителите.

„Имаме информации дека некој таму работи и прави субверзија за да спречи почеток на туристичката сезона или пропаѓање на сезоната. Имаме информации и брзо ќе се постапи по нив“, рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

Касами рече дека поранешниот директор на Попова Шапка, кадар од ДУИ, го оставил ова туристичко место без работници, поради наводна приватизација, формирајќи друга компанија. Касами рече дека локалната самоуправа ги презела сите мерки за добра туристичка сезона.

„Како локална самоуправа извршивме повеќе активности како асфалтирање на патот до викенд куќите, пробивање на нов пат во кружниот тек кој се надеваме дека ќе биде во функција оваа сезона и изработка на урбанистички план што оваа сезона ќе биде во јавна расправа за донесување на новите инвеститори, автобуската линија во зимската сезона и со сите овие наши заложби што ги преземаме за Попова Шапка во служба на туристите“, додаде Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

Директорите на угостителските капацитети на Попова Шапка се во паника. Велат дека направиле инвестиции и подготовки за туристичката сезона, а состојбата и понатаму е алармантна.

„Ситуацијата овде во моментов е алармантна. Ништо не е преземено ниту во инфраструктура, ниту во одржувањето на ски-лифтовите, ниту пак подготовките што треба да се направат. Лани имавме недостиг од снег, а годинава најавуваат дека ќе врне многу снег и загрижени сме што сме инвестирале и редовно инвестираме, но Владата ни кажа дека ќе направи големи работи но ниту инвестиции ниту нов директор има, тоа мора многу брзо да се реши затоа што и тогаш немаме време да направиме нешто, но мораме да направиме нешто заедно, да се санираат ски-лифтовите кои се веќе застарени“, нагласи Хашим Муртезани- сопственик на хотел.

Инфраструктурата на Попова Шапка со посебен акцент на главната точка каде што е и хотелот од каде што тргнуваат скијачите, и понатаму е во катастрофална состојба. Проблем е и фекалната канализација која завршува на патот, честопати оневозможувајќи влегување со автомобил до паркингот.