Skip to main content
Македонија

Неофицијално – Донесена одлука за утврдување одговорност за судијата Пајазити, поради бегството на Блерим Рамадани

06/11/2024  22:07

Телевизијата „АлсатМ“ неофицијално дознава дека Судскиот совет на денешната седница донел одлука за постапката за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити, иницијатива која се однесува на постапувањето на судијата за притворот на поранешниот војник на ОВК, државјанин на Косово, Блерим Рамадани.

Првата иницијатива за утврдување одговорност кај судијата Пајазити беше отфрлена од советот поради немање доволно докази.

Одлуката е донесена на затворена седница и без присуство на новинари, објави АлсатМ телевизија.