Skip to main content
Свет

Ненадеен налет на ветер предизвика хаос на крузер во Шпанија

11/11/2024  10:46

Патниците на познатиот брод за крстарење „The Explorer of the Seas“ доживеале моменти на паника кога силниот ветер го натерал бродот да направи ненадејни маневри. Бродот, кој патувал од Барселона кон Мајами во близина на Тенерифе, се нашол под влијание на „неочекуван налет на ветер“, соопшти компанијата „Royal Caribbean“. Ветрот предизвикал бродот нагло да сврти надесно и потоа уште еден остар пресврт, што довело до паѓање на патниците и расфрлани лични предмети на подот.

Поради инцидентот, бродот морал да застане непланирано во Лас Палмас за медицинска помош на еден од патниците и проценка на штетата. Бродот, со капацитет за 4.290 гости и 1.185 членови на екипажот, е еден од најголемите во флотата на Royal Caribbean.