Skip to main content
Македонија

Нема конечен договор со банките за висината на каматите за Унгарскиот кредит, истакна Мицкоски

17/11/2024  14:06

Премиерот Христијан Мицкоски, по средбта со претставниците на банките во врска со Унгарскиот кредит рече дека банкарите изразиле желба да учествуваат во целиот процес, но дека нема конечен договор во врска со каматите.

„Наредната недела ќе се преговара и конечно ќе имаме некаков став по ова прашање. Целта е камата да биде пониска за да може стопанството да добие помала камата“, рече Мицкоски.