Граѓаните во Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано присутна во нашата земја. Извештаи и сведоштва за барање на мито и корупција се забележуваат речиси секојдневно во медиумите, па дури и од институциите.
Според последниот Извештај на Transparency International за нивото на корумпираност на земјите, Македонија од 180 земји и територии е на 76 место, а од регионов зад нас се само Србија (104) и Босна и Херцеговина (108).
Корупцијата ја има насекаде, од здравство до судство и екологија. Мнозинството гаѓаните кои ги запрашавме која институција во Македонија е најкорумпирана за 24Инфо одговорија дека не постои институција која не е корумпирана, а често и самите биле сведоци на истото. Речиси сите кои ги анкетиравме ни кажаа дека или самите биле сведоци или знаат некој на кого му било побарано мито за извршување на одредена услуга.
“Јас не знам дали има институција која не е корумпирана, затоа што и да одите на лекар и да одите на шалтер ви требаат врски. Што е тоа? Корупција!”, вели еден граѓанин.
“Се е корумпирано. Човек на бербер не оди ако не знае човек, па можете да замислите до каде се дојдени работите”, додава друг граѓанин.
Како примери ги посочија сите оние кои работат со јавни набавки, МВР како и Министерството за екологија. Велат дури и нивните познаници кои сакаат да им помогнат, а работат во некоја институција, сакаат да бидат “потплатени”.
Целата анкета и нивните изјави погледнете ги во видеото во продолжение: