Skip to main content
Македонија

Немате сила, ниту знаење, но поважно ја немате волјата на Албанците – Се огласи Груби по обвиненијата од Влен

01/12/2024  17:48

„Немате сила! Ниту знаење, ниту храброст, но уште поважно, ја немате волјата на Албанците, туку ја имате милоста на ВМРО и желбата да се потчинуватр и да им служите“, вели Артан Груби, ексфункционер од ДУИ.

„Го осудувам насилството и палењето знамиња, како што го осудувам и институционалното поттикнување на тензии и селективнатс моноетничка правда и во најсилна можна форма демантирам каква било моја наводна монструозна и пропагандистичка поврзаност со настаните од 28 ноември.

Срамот што си го наметнавте на себе и на вашите семејства не се покрива со никаква клевета, затоа, согласно законот, очекувам извинување од клеветникот во рок од 24 часа, во спротивно ќе го тужам за откривање на неговите лаги кои им се секојдневие“, додава Груби.