Skip to main content
Скопје

На дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред, велат приватните превозници

20/11/2024  13:27

Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ упатија јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.

Во нивното соопштение се наведува дека приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можат да го надополнат недостатокот на автобуси на ЈСП. За да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси, се додава.

Приватните превозници додаваат дека не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаат верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, како и ниска цена за изминат километар, со која не можат да ги покријат основните трошоци.