Skip to main content
Македонија

На ГП „Ќафасан“ албанската полиција спречи шверц на 1,8 тони нафта при влез од македонска територија

07/11/2024  20:17

Три камиони со по 600 литри нафта скриена во дополнителни цистери откриле полицајците на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга.

Според Полицискиот комесаријат-Корча, уапсени биле три лица што се обиделе да ја прошверцуваат нафтата од Северна Македонија во Албанија.

Нафтата била откриена при преглед на секој од камионите што ги управувале трите лица.

„По извршени процесни дејствија, приведени се Д.Г. (36), Е.П. (40) и Г.Л. (27), сите тројца жители на Поградец, за сторени кривични дела трговија и пренесување шверцувана стока, складирање или депонирање на шверцувана стока и криумчарење со стоки за кои се плаќа акциза или со целосно или делумно суспендирање од царина или акциза“,

пишува во соопштението од Полицискиот комесаријат -Корча.
Од полицијата информираат дека случајот е предаден на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Корча за понатамошни дејствија.