Skip to main content
Македонија

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

11/12/2024  08:56

Најладно утрово било на Попова Шапка кадешто се измерени -4 степени, -1 било во Лазарополе, 0 степени се измерени во Маврови Анови, Крушево, Претор, 1 во Битола и Берово, 2 во Охрид, Крива Паланка, Струмица, 3 во Куманово и Прилеп, 4 во Тетово и Гевгелија, 5 во Виница и Дебар, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Штип, Демир Капија и 7 во Велес.

Висината на снежната покривка во седум часот изнесувала 44 сантиметри на Попова Шапка, 30 во Маврови Анови и 8 во Крушево.

Променливо облачно и претежно тивко, освен на повисоките места каде дуваше слаб ветер од променлив правец. Утрово наместа има ниска облачност, а во Пелагонија појава на магла.

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно и тивко. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.