Во потрага за најдобрите рецепти за највкусниот џем овој пат се одлучивме за старите добри сливи.
Сè што треба да направите е добро да го исчистите овошјето, па сите расипани и нездрави плодови да ги фрлите. Измијте го и исчистите од семките, па ставете го во тенџере и додајте шеќер.
Почнете да готвите на умерена температура, бидејќи само така овошјето ќе пушти сок, а шеќерот полека ќе почне да се топи. Мешајте додека шеќерот и овошјето убаво не се соединат и оставете да се крчка. Мешајте од време на време, да не се залепи за дното на садот во кој ќе готвите.
Значи, овој метод е испробан и стар од памтивек. Знаеме дека е непогрешливо добар, но тоа не нè спречува да пробаме нешто малку поинакво.
Ви го пренесуваме рецептот за џем од сливи со црно чоколадо.
Потребно
• 5 килограми нелупени, исчистени од семки и мелени;
• 1 кг Шеќер;
• 200 грама чоколадо за готвење.
Подготовка
Сливите варете ги прво на силен оган, па на средна температура без вода и шеќер. Внимавајте да не изгори. Кога џемот малку ќе се згусне, додајте шеќер и продолжете со варењето додека мешате и на крајот додадете од чоколадото.
Мешајте додека не се стопи.