Неодоливите слатки во вид на мали колачи се ѕвездите на секоја прослава, а бидејќи голем број на крштевки се слават со посна трпеза, се попопуларната веганска кујна ни нуди многу можности за збогатување на менито.
Една од веге-класиците се задоволствата од тиква, па денес ви претставуваме брзи чоколадни бомби чија главна состојка е ароматична и вкусна тиква.
Се подготвуваат едноставно и брзо, а покрај тиквата, многу е важно да се користат и сите наведени слатки зачини за да се постигне најдобриот можен вкус и мирис.
Состојки:
250 гр пире од тиква
2 лажици мед
150 гр кокосово брашно
50 гр шеќер во прав
1 лажица кокосово масло
½ лажичка морско оревче
½ лажичка мелено каранфилче
1 лажичка арома на ванила
1-2 лажички цимет
100-150 гр темно чоколадо
(по избор) мелени ореви, бисквит, цимет, какао…
Подготовка
Во сад измешајте го пирето од тиква, медот, кокосовото брашно и маслото.
Додадете зачини и арома на ванила и добро измешајте.
Формирајте топчиња со навлажнети раце и ставете ги во фрижидер.
Растопете го чоколадото, па натопете ги топчињата и наредете ги на решетка да се исцедат. По желба можете да посипете мелени бисквити, ореви, цимет, какао… но не мора!
Кога чоколадото ќе се стврдне, ставете го во корпички и повторно ставете го во фрижидер најмалку 2-3 часа.