
Од скопски Вододовод известуваат дека утре (среда) поради изведување на водоводен приклучок ф-350 мм на ул. Интернационални Бригади 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности.
Исто така утре, поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул. Скупи 3а/бб (спроти “ Олимпико“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на ул Скупи-крак 3а, 5а и место викано Криви Дол.