Skip to main content
Македонија

НАЈАВА ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР: Следува невреме претстојната ноќ!

20/11/2024  09:45

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на моќен циклон со центар западно и северозападно од нас, денес, а особено во текот на престојната ноќ ќе дува засилен до силен ветер од јужен, југозападен а потоа и од западен правец (повремено и локално со брзина од над 80/90 км/час, на планинските места и до околу 100 км/час).

Ќе има и повремено обилни врнежи од дожд.

Поради продор на поладен воздух од север,  утре (четврток) на планините ќе има врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка.

Не се исклучува можноста процесите локално да бидат застапени во форма на невреме.

Што се однесува до температурите,  тие денес на повеќе места ќе надминуваат 10 степени, а во централните,  југоисточните предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат до околу, па и над 15 степени.

Наскоро следуваат сеуште најнови метео детали токму околу оваа временска состојба.

Да предупредам,  поради очекуваниот силен ветер,  избегнувајте вашите автомобили да ги ставате во близина на дрвјата.